Country/Region:
MK
ReferenceNo.:
573482
За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
- Организирање и закажување состаноци, работилници, обуки и службени патувања
- Телефонска комуникација и обработка на влезна и излезна пошта
- Обработка на нарачки за потребите на компанијата, проверка на фактури за сите поврзани трошоци
- Поддршка за новите вработени преку нивно внесување во систем, нарачка на опрема, организирање на службени возила и сл.
- Подготовка, контрола, архивирање и дистрибуција на извештаи и презентации
- Координација со секретаријатот на одборот
- Управување со ситна готовина
Твој профил
- Минимум завршено средно образование
- Течно познавање на англиски јазик,
- Познавање на германски јазик е предност
- Возачка дозвола Б - категорија (активен возач)
- Одлично познавање и работа со Excel
- Претходно работно искуство како административен асистент е предност
- Подготвеност за патување во странство за обука во период околу 3 месеци
Што нудиме
- Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
- Можност за обука во странство
- Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- Fit-Kit месечен буџет
- Пакет за добредојде на новите вработени