Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Нашите заменици менаџери на маркет им овозможуваат на нашите потрошувачи уникатно искуство во пазарењето по кое Лидл е познат во над 30 земји! Како заменик менаџер на маркет ќе имаш шанса да се усовршуваш во успешно водење на еден тим кон заедничка цел, како и да ги подобруваш активните процеси кои се одвиваат во еден маркет. Ќе бидеш одговорен за организација на текот на работата, нарачки, прием и управување со залихи, редење и сортирање на производи, планирање на работното време и постигнување на резултати заедно со менаџерот на маркет.
Твои задачи
- Водење на вработените во отсуство на Менаџерот на маркет
- Организација на текот на работа, делегирање задачи и спроведување на контрола
- Креирање позитивна и мотивирачка работна атмосфера и соработка
- Одржување на свежина, контрола на квалитет и редовна ротација на производи
- Обработка на барања и поплаки од потрошувачи
- Обезбедување достапност на залихи и управување со залихите
- Спроведување на промени на цени и попусти и управување со готовина
- Усогласеност со важечките закони и интерните регулативи
Твој профил
- Завршено средно образование
- Претходно работно искуство во малопродажба е предност
- Одлични организациски и комуникациски вештини
- Способност за работа во динамично опкружување
- Ориентираност кон резултати и решавање на проблеми
- Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
- Подготвеност за обука и работа во странство во период од максимум 6 месеци
- Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
- Можности за обука во странство
- Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- Пакет за добредојде на новите вработени
* Оваа позиција вклучува обука во странство во период од максимум 6 месеци