Country/Region:
MK
ReferenceNo.:
544982
За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
- Поддршка на тимот во подготовка и товарење на добра (физичка работа)
- Одговорност за секојдневните логистички активности во одделот и меѓу секторите, во координација заедно со Менаџерот на тим за логистика
- Поставување цели и клучни индикатори за перформанс, како и вработување, менаџирање и обучување на членови од тимот
- Супервизија на еден од тимовите во Логистичкиот дистрибутивен центар (прием, подготовка и излез на добра)
- Ефективно планирање на работата на неделно ниво
Твој профил
- Диплома за завршено високо образование
- Течно познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола (Б категорија) – активен возач
- Силни комуникациски вештини и афинитет за тимска работа
- Подготвеност за практична (hands-on) обука на работното место
- Подготвеност за работа во смени
- Високо чувство за одговорност, иницијатива и желба за учење
- Искуство со водење и развој на тим – искуство во складирање, транспорт или производство е пожелно
- Мобилност за обука и работа во странство во времетраење до 18 месеци
- Локација по завршена обука: Куманово
Што нудиме
- Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
- Можности за обука во странство
- Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- Пакет за добредојде на новите вработени
* Оваа работна позиција вклучува обука во странство во период до 18 месеци.