Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  673816

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

 

  • Поддршка на тимот во подготовка и товарење на артикли (физичка работа)
  • Одговорност за секојдневните логистички активности во одделот и меѓу секторите, во координација заедно со Менаџерот на тим за логистика
  • Поставување цели и клучни индикатори за перформанс, како и вработување, менаџирање и обучување на членови од тимот
  • Супервизија на еден од тимовите во Логистичкиот дистрибутивен центар (прием, подготовка и излез на артикли)
  • Ефективно планирање на работата на неделно ниво

Твој профил

  • Минимум завршено средно образование
  • Течно познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола (Б категорија) – активен возач
  • Силни комуникациски вештини и афинитет за тимска работа
  • Подготвеност за практична (hands-on) обука на работното место
  • Подготвеност за работа во смени
  • Високо чувство за одговорност, иницијатива и желба за учење
  • Искуство со водење и развој на тим – искуство во складирање, транспорт или производство е пожелно
  • Мобилност за обука и работа во странство во времетраење од 6 - 9 месеци
  • Локација по завршена обука: Куманово

Што нудиме

  • Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
  • Можности за обука во странство
  • Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет 
  • Приватно здравствено осигурување
  • Пакет за добредојде на новите вработени

* Оваа работна позиција вклучува обука во странство во период од 6 - 9 месеци.