Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  703863

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим! 

 

Твои задачи

  • Менаџирање и обука на вработените во маркетот согласно со компаниските принципи за лидерство, поставување таргети и делегирање задачи и унапредување на нивниот професионален и личен развој
  • Обезбедување позитивна и стимулативна работна атмосфера и ефикасна соработка
  • Обезбедување точни нивоа на залихи, редовни проверки, одржување и надополнување на нивоата на залихи на полиците и воведување мерки за оптимизација според потребите
  • Редовни контроли на квалитетот и ротирање на производите, како и обезбедување свежи производи во согласност со важечките закони и интерните прописи
  • Финансиски анализи, планирање на продажбата и продуктивноста во маркетот и континуирана анализа на клучните резултати и соодветни мерки за постигнување на таргетите на маркетот

Твој профил

  • Завршено минимум средно образование, универзитетско образование ќе се смета за предност
  • Пожелно е претходно работно искуство
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  • Ориентираност кон постигнување резултати и способност за решавање проблеми
  • Претприемачки дух и способност за носење одлуки
  • Способност за давање конструктивен фидбек и за делегирање активности

Што нудиме

  • Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
  • Можности за обука во странство
  • Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет
  • Приватно здравствено осигурување
  • FitKit месечен буџет
  • Службено возило
  • Пакет за добредојде на новите вработени
  • Оваа позиција вклучува обука во странство во период од 6 месеци