Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  576530

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

  • Процесирање и координирање на примени понуди за недвижности и праќање одговор на понудите
  • Собирање и резимирање информации за месечни/неделни извештаи 
  • Координирање и следење на базата на податоци во однос на рокови за месечни / полугодишни / годишни задачи – полномошна, нацрти / шеми, реален товар на недвижности и сл. 
  • Координирање и помош за организирање состаноци, службени патувања и сл.  
  • Подготвување на интерна и екстерна писмена коресподенција 
  • Преводи и работа во систем за процесирање понуди за недвижности

Твој профил

  • Завршено високо образование 
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • 1-2 години искуство на слична позиција ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутер

Што нудиме

  • Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
  • Можност за обука во странство 
  • Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет
  • Приватно здравствено осигурување
  • Fit-Kit месечен буџет 
  • Пакет за добредојде на новите вработени