Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  540596

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

• Подготовка и учество во преговори со национални добавувачи, како и учество во креирање на асортиманот
• Одредување на продажната цена, како и имплементација и континуирана контрола на продажната цена
• Подготовка на договори со добавувачи во координација со Одделот за процесирање на договори
• Спроведување редовни дегустации и обезбедување на квалитет на преговараните артикли во координација со Одделот за обезбедувањето на квалитет
• Подготовка и имплементација на анализи на асортиман на националните групи на производи
• Осигурување на достапноста на стоки при проблеми со испораката како и проверка и одобрување на декларациите во координација со одделот за пакување
• Обезбедување на континуирана комуникација и координација со добавувачите и внатрешните засегнати страни

Твој профил

• Универзитетска диплома 
• Минимум две години рaботно искуство во иста или слична позиција 
• Задолжително одлично познавање на англиски и македонски јазик, познавање на германски јазик е предност (компанијата ќе обезбеди интензивни курсеви за јазик)
• Одлично познавање на MS Office
• Возачка дозвола Б категорија – активен возач
• Способност за превземање на иницијатива и воспоставување на долгорочни односи со клиентите
• Подготвеност за патување во странство за обука во период од 6 до 9 месеци 

Што нудиме

• Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
• Можности за обука во странство
• Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
• Атрактивен компензациски пакет 
• Приватно здравствено осигурување
• Пакет за добредојде на новите вработени