За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твој задачи
• Помош при подготовка и креирање рекламни материјали во единицата за рекламирање (вклучувајќи флаери, брошури, телевизија, радио, интернет, социјални канали, надворешно рекламирање, рекламирање на продажни места итн.), земајќи ги во предвид насоките за брендирање и планирањето на кампањи;
• Воведување и одржување база на податоци за текстови на производи (вклучувајќи пакувања, име на производ, цена, грамажа итн.);
• Креирање видео формати со користење платформи на компанијата за таа намена;
• Креирање и уредување рекламни текстови според специфични медиумски барања;
• Координација и комуникација со надворешни и внатрешни партнери во врска со креирање рекламни формати;
• Учество во проекти/кампањи и генерирање рекламна содржина за нив;
• Поддршка за административни задачи во единицата за Оперативен маркетинг и продукција.
Твој профил
• Најмалку една година претходно професионално искуство во областа на маркетингот и рекламирањето, поврзано со креирање и уредување рекламни материјали и текст;
• Одличната јазична култура треба да биде ваша препознатлива карактеристика;
• Високо образование од областа на филологија, новинарство, масовни комуникации ќе се сметаат за предност;
• Многу добри вештини за работа со MS Office (Word, Excel, PowerPoint); вештини за работа со Adobe InDesign, Photoshop ќе се смета за предност;
• Течно зборување англиски јазик; познавање албански и германски јазик ќе се смета за предност;
• Возачка дозвола – Б категорија (активен возач);
• Подготвеност за патување во странство за обука во времетраење од околу 6 месеци.
Што нудиме
• Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
• Можности за обука во странство;
• Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
• Конкурентна компензација;
• Приватно здравствено осигурување.