Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  625919

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

  • Помош при подготовка и креирање рекламни материјали во единицата за рекламирање (вклучувајќи флаери, брошури, телевизија, радио, интернет, социјални канали, надворешно рекламирање, рекламирање на продажни места итн.), земајќи ги во предвид насоките за брендирање и планирањето на кампањи;
  • Воведување и одржување база на податоци за текстови на производи (вклучувајќи пакувања, име на производ, цена, грамажа итн.);
  • Креирање видео формати со користење платформи на компанијата за таа намена;
  • Креирање и уредување рекламни текстови според специфични медиумски барања;
  • Координација и комуникација со надворешни и внатрешни партнери во врска со креирање рекламни формати;
  • Учество во проекти/кампањи и генерирање рекламна содржина за нив;
  • Поддршка за административни задачи во единицата за Оперативен маркетинг и продукција.

Твој профил

  • Најмалку една година претходно работно искуство како лектор
  • Високо образование Филолошки факултет (Македонски јазик со положен лекторски испит)
  • Добри вештини за работа со MS Office (Word, Excel, PowerPoint); вештини за работа со Adobe InDesign, Photoshop ќе се смета за предност;
  • Течно зборување англиски јазик; познавање албански и германски јазик ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола – Б категорија (активен возач);
  • Подготвеност за патување во странство за обука во времетраење од околу 6 месеци. 

Што нудиме

  • Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
  • Можности за обука во странство;
  • Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
  • Конкурентна компензација;
  • Приватно здравствено осигурување.