За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
• Одржување на нашите административни бази на податоци со информации за артикли и добавувачи
• Обработка на дојдовни договори во системот за управување со стока и други ad hoc административни задачи
• Управување со телефонски повици, е-пошта и внатрешна комуникација
• Креирање ценовник и рекламни активности во системот
• Комуникација со различни внатрешни тимови како што се Обезбедување квалитет, Синџир на снабдување, Промоција на храна и нашиот Регионален дистрибутивен центар (RDC)
• Можности за поврзување на меѓународни оддели и добавувачи кога е потребно
Твој профил
• Универзитетска диплома
• 1 – 2 години релевантно работно искуство
• Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
• Целосно познавање на Microsoft Office и способност за забележување на грешките
• Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини со кои ќе можете да се справите со задачите и рутините во динамична средина
• Потребно е познавање на англиски и македонски јазик, германскиот јазик е предност
• Подготвеност да се живее во странство 6-9 месеци поради обука
Што нудиме
• Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
• Можности за обука во странство
• Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
• Атрактивен компензациски пакет
• Приватно здравствено осигурување
• Пакет за добредојде на новите вработени