Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  658801

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

  • Подготовка и учество во преговори со национални добавувачи, како и учество во креирање на асортиманот
  • Одредување на продажната цена, како и имплементација и континуирана контрола на продажната цена
  • Подготовка на договори со добавувачи во координација со одделот за процесирање на договори
  • Спроведување редовни дегустации и обезбедување квалитет на преговараните артикли во координација со одделот за контрола на квалитет
  • Подготовка и имплементација на анализи на асортиман на националните групи на производи
  • Осигурување на достапноста на стоки, како и проверка и одобрување на декларациите
  • Обезбедување на континуирана комуникација и координација со добавувачите и внатрешните засегнати страни

Твој профил

  • Универзитетска диплома
  • Минимум две години рaботно искуство на иста или слична позиција
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик (познавање на германски јазик е предност)
  • Одлично познавање на MS Office и Google Workspace
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  • Способност за преземање на иницијатива и одржување долгорочни односи
  • Подготвеност за патување во странство за обука во период од 6 до 9 месеци

Што нудиме

  • Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
  • Можности за обука во странство
  • Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет
  • Приватно здравствено осигурување
  • FitKit месечен буџет
  • Пакет за добредојде на новите вработени