Country/Region:
MK
ReferenceNo.:
613106
За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
- Примање и обработка на повици од клиенти / електронска кореспонденција и нивна селекција и дистрибуција
- Регистрација и обработка на жалби од клиенти
- Одржување на базата на податоци
- Одржување на кореспонденција (со надворешни страни и оддели во рамките на компанијата)
- Преглед и усогласеност со целните KPI и извлекување мерки за подобрување
- Ажурирање на содржината на понудата за самопослужување (Experience Cloud), како и промоција на платформата преку различни канали.
- Континуирана оптимизација и ажурирање на содржината на гласовните и чет-ботовите (доколку се користат)
Твој профил
- Работно искуство во служба за корисници, call-центар или слична позиција од најмалку 1 година
- Одлично познавање на англиски јазик (познавањето на албански и германски јазик ќе се смета за предност)
- Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
- Подготвеност за патување во странство на обука во период од 6 до 9 месеци
Што нудиме
- Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
- Можности за обука во странство
- Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- Пакет за добредојде на новите вработени