Country/Region:
MK
ReferenceNo.:
540386
За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Придружи се на динамичниот #teamlidl и стани дел од нашата успешна приказна!
Твои задачи
- Координација и контрола на тековните проекти, со истовремено обезбедување на висококвалитетно и навремено постигнување на целите и задачите
- Подобрување и оптимизирање на постојните процедури и процеси
- Барање локации за маркети во согласност со минималните критериуми
- Воспоставување добри односи и преговарање со засегнатите страни, како и управување, планирање и развивање концепти за сопствени локации за дополнителна употреба или алтернативни решенија
- Координација, следење и имплементација на идејни решенија за проектите за имотите (ситуациони решенија, дистрибуција на надворешни и внатрешни области)
- Спроведување на анализа на исплатливост и инвестициско планирање
- Подготовка на процесот, условите за преговарање и целата документација потребна за склучување на зделка
Твој профил
- Високо образование – (економски или правен)
- 2-3 години професионално искуство во областа на недвижности
- Одлично познавање на англиски јазик
- Познавањето на германскиот јазик ќе се смета за предност
- Искуство со процедури за урбанистичко планирање и темелно познавање на пазарот на недвижности ќе се смета за предност
- Способност за решавање проблеми и земање предвид на трошоци и придобивки
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач
- Подготвеност за патување во странство за обука во период од околу 3 месеци
Што нудиме
- Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
- Можност за обука во странство
- Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- Пакет за добредојде на новите вработени