Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  647799

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

● Развој и функционирање на системот за управување со усогласеност, земајќи ги предвид интерните компаниски барања и процедури

● Советување за прашања поврзани со усогласеноста, организација и

спроведување на обуки за подигнување на свеста на вработените во компанијата

● Анализа и проверка на деловни партнери со цел намалување на потенцијални ризици за компанијата и концептирање мерки за отстранување на ризиците поврзани со усогласеноста

● Координација и поддршка на функционалните области во однос на

воведување контроли и мерки за усогласеноста

● Детектирање на инциденти за какви било можни прекршувања на

усогласеноста и спроведување истраги каде што е потребно

● Мониторинг на системот за управување со усогласеноста и спроведување

на сите потребни мерки за подобрување

● Набљудување, анализа на релевантното законодавство и комуникација со

судови, надлежни органи и надворешни адвокати.

Твој профил

● Завршено високо образование во областа на правото.

● најмалку 2 години искуство во управување со усогласеност или слична улога.

● Одлично познавање англиски јазик (вербално и писмено)

● Познавање на гермаски јазик (ќе се смета за предност)

● Способност за поставување приоритети и за донесување одлуки

● Самоорганизирани сте и имате способност за работа со кратки рокови.

Што нудиме

● Работа во интернационална средина со многу можности за учење, развој и

напредок.

● Стимулативна работна средина и одлична организациска култура

● Атрактивен компензациски пакет

● Приватно здравствено осигурување

● FitKit месечен буџет