Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  540594

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

• Oбезбедување оптимална набавка на овошје и зеленчук / цвеќе и растенија во рамките на најдобриот можен сооднос цена/перформанси и квалитет
• Учество во креирање на асортиманот во областа на овошје и зеленчук / цвеќе и растенија на национално ниво
• Одредување на продажната цена, како и имплементација и континуирана контрола на продажната цена
• Обезбедување оптимална достапност на производите и понатамошен развој на националното портфолио на добавувачи
• Континуирана контрола и тестирање на договорените квалитети
• Учество во планирањето и контролата на национални промотивни активности
• Развој на нови и понатамошен развој веќе постоечки производи

Твој профил

• Минимално завршено средно образование
• Минимално две години рaботно искуство во иста или слична позиција 
• Задолжително одлично познавање на англиски и македонски јазик, познавање на германски јазик е предност (компанијата ќе обезбеди интензивни курсеви за јазик)
• Одлично познавање на MS Office
• Возачка дозвола Б категорија – активен возач
• Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини со кои ќе можеш да се справиш со задачите и рутините во динамична средина 
• Подготвеност за патување во странство за обука во период од 6 до 9 месеци

Што нудиме

• Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
• Можности за обука во странство
• Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
• Атрактивен компензациски пакет 
• Приватно здравствено осигурување
• Пакет за добредојде на новите вработени