Резиме
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Придружи се на динамичниот #teamlidl и стани дел од нашата успешна приказна!
Твои задачи
• Учестува во подготовката на документација за новите и тековните вработени, и се грижи за комплетноста на истата ( вклучително и регистрација на вработувањето и промените во Агенција за вработување).
• Врши прибирање, евиденција и обработка на податоци за вработените поврзани со нивното вработување, нивните основни податоци како и податоци за редовноста на вработените (присуства, отстуства- платени и неплатени).
• Одговора за точноста на податоците во системите за човечки ресурси и се грижи и за редовно ажурирање на нивните промени во согласност со законот за заштита на податоци
• Ги следи документите и податоците од времен карактер
• Лице за контакт и поддршка на вработените во врска со прашања за вработувањето и работните односи
• Подготовка на документи во врска со работен однос (Решенија за годишен одмор, Овластувања, Потврди за работен однос, препораки и сл).
• Изготвува административни извештаи за потребите на секторите ( за вработените, присуства, отсуста) и врши административни работи поврзани со престанок на работен однос и раздолжување на вработените
Твој профил
• Високо образование
• Пожелно 1 година искуство во иста или слична област
• Познавање на англискиот јазик
• Способност за соработка и тимска работа
• Ориентираност кој резултати и способност за приоритизирање
• Организациски способности
Што нудиме
• Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст
• Можности за обука во странство
• Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура
• Конкурентна компензација
• Приватно здравствено осигурување