Country/Region:
MK
ReferenceNo.:
523576
За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
- Подготовка на системски спецификации/упатства за безбедности здравје при работа врз основа на релевантните законски прописи
- Имплементација на меѓународни технички спецификации (процеси и упатства)
- Поддршка на останатите сектори во компанијата во однос на идентификување на опасности, креирање курсеви за обука, организирање на вежби за безбедност и здравје при работа и сл.
- Комуникација и координација на надворешни даватели на услуги во однос на обуки и други релевантни активности
- Вршење процени на ризици и учество во подготовка на процени на ризици од страна на надворешни даватели на услуги
- Редовни инспекции (независни, со надворешни даватели на услуги и со надлежните државни институции) поврзани со заштитата на животната средина
- Подготовка, ажурирање и анализа на KPI (пр. статистика за незгоди) во согласност со националните и интернационалните стандарди
Твој профил
- Универзитетска диплома во областа на безбедност и здравје при работа
- Најмалку 2 години искуство во областа
- Валидно уверение за положен испит за стручно лице за безбедност при работа издадено од државна институција
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на германскиот јазик ќе се смета за предност
- Одлично познавање на MS Office пакетот
- Подготвеност за патување во странство за обука во период од околу 3 месеци
Што нудиме
- Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
- Можност за обука во странство
- Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- Пакет за добредојде на новите вработени