Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  639462

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа, никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура, каде секој се чувствува свој, нѐ обединуваат и нѐ прават посилни – ширум сите Лидл земји! 

Како Специјалист за бренд идентитет и дизајн, активно ќе учествуваш во процесот на управување со силен и единствен потрошувачки, корпоративен и работодавачки бренд на Лидл.

Придружи се и стани и ти дел од нашиот тим!

 

Твои задачи

  • Обезбедување визуелен и концептуален идентитет на брендот преку конзистентна примена на интернационалната и националната стратегија за бренд идентитет на Лидл
  • Прилагодување на брендот Лидл на специфичностите на локалниот пазар, со цел градење на силен и препознатлив бренд
  • Синхронизирање на корпоративниот идентитет и корпоративниот дизајн во сите внатрешни и надворешни канали, како и координација на релевантни проекти на национално ниво
  • Развој на локални стратегии за водечките сопствени брендови во прехранбениот сектор
  • Следење и давање насоки во однос на комуникацијата креирана од страна на секторите за маркетинг, брендирање и пакување, корпоративни комуникации и бренд на работодавачот, со цел усогласеност со насоките на брендот
  • Одговорност за дефинираните клучни показатели за успешност (KPI) поврзани со брендот и нивно редовно известување

Твој профил

  • Завршено високо образование
  • Минимум 3 години искуство во областа на брендирање, маркетинг или графички дизајн ќе се смета за предност
  • Темелно познавање на квалитативните и квантитативните показатели во областа на бренд менаџмент и маркетинг
  • Вештини за управување со проекти и работа со целни групи во областа на бренд идентитет
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Многу добри комуникациски вештини и способност за тимска работа
  • Ориентираност кон резултати и аналитичко размислување
  • Флексибилност и способност за работа во динамична средина
  • Подготвеност за обука во странство во период од 6 до 9 месеци

Што нудиме

  • Работа во интернационална средина со бројни можности за учење, и професионален раст и развој
  • Можности за обука во странство
  • Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет
  • Приватно здравствено осигурување
  • FitKit месечен буџет
  • Пакет за добредојде на новите вработени