Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  560597

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

• Планирање и следење на кампањи во Google Ads (Display, YouTube, SEA), DV360, Meta, вклучувајќи кампањи за промоција на мобилни апликации. 
• Развој на мерки за онлајн маркетинг земајќи ги предвид маркетиншките цели и пристапот „paid-owned-earned“ (вклучувајќи и Lidl Plus комуникација и онлајн продавница).
• Иницирање на создавање рекламни формати на дигитални канали, и одговорност за нивна квалитетна имплементација согласно спецификите на брендот (визуелни и текстуални), и најдобрите практики на социјалните мрежи. 
• Спроведување на анализа пред и по медиското купување и примена на мерки за оптимизација на рекламните кампањи. 
• Брифирање и контрола на перформансите на агенциите и учество во создавање  на 360-степени кампањи.
• Следење, правење на извештаи и мерење на националните активности за онлајн маркетинг. 
• Креирање, оптимизација и мерење на перформансите на маркетинг активностите.

Твој профил

• Универзитетска диплома од соодветната област.
• Голем интерес за дигитален маркетинг и актуелни трендови во областа, како и одлично општо разбирање на различните дигитални платформи и нивните специфичности. 
• Најмалку 2 години релевантно искуство во дигитален маркетинг, со фокус на маркетинг на перформанси и/или планирање и купување на медиуми;
• Креативно размислување, но и око за детали. 
• Течно зборување на англиски јазик; познавање на германски јазик ќе се смета за предност.
• Возачка дозвола – Б категорија (активен возач). 
• Подготвеност за патување во странство за обука во времетраење од околу 6-9 месеци. 

Што нудиме

• Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
• Можност за обука во странство 
• Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
• Атрактивен компензациски пакет
• Приватно здравствено осигурување
• Пакет за добредојде на новите вработени

* Обука во странство во период од околу 6-9 месеци