Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  663637

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

  • Превод и проверка на декларации и нивна усогласеност со законските и интерните регулативи и очекувањата на потрошувачите
  • Oсигурување за точноста на содржината на преведени документи и проценка на ризици поврзани со производите
  • Советување со менаџерите за набавки за технички прашања поврзани со обезбедување квалитет
  • Комуникација со добавувачи, институции и останати бизнис партнери во однос на регулативите за прехранбени производи и други технички прашања
  • Концепција и оптимизација на нови и постоечки работни процеси, како и координација на протокот на информации со релевантните оддели
  • Исполнување на зададените KPIs во предвидените рокови

Твој профил

  • Пожелна универзитетска диплома (Технолошко-металуршки, Земјоделски факултет или сл.)
  • Минимално една година рaботно искуство на иста или слична позиција во областа на прехранбена технологија или производство
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик (познавањето на германски или албански ќе се смета за предност)
  • Одлично познавање на MS Office/Google Workspace
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  • Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини

Што нудиме

  • Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
  • Можност за обука во странство 
  • Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет
  • Приватно здравствено осигурување
  • Пакет за добредојде на новите вработени