За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
• Собирање, анализа и архивирање на податоци, вклучувајќи ревизии, аналитички извештаи,официјални жалби.
• Комуникација со добавувачи и изработка на документација поврзана со квалитет и поплаки.
• Следење и известување за загриженост на клиенти (вкл. компензација), преку статистика и повратни информации.
• Имплементација и унапредување на процеси за контрола и обезбедување на квалитет на различни производи.
• Oсигурување за точноста на содржината на преведени документи, учество во експертски дегустации и проценка на ризици поврзани со производите.
• Проверка на усогласеност со законски регулативи, внатрешни упатства и очекувања на потрошувачите.
• Комуникација со релевантни страни (вкл. институции и адвокати) и поддршка при актуелни прашања за квалитет.
Твој профил
• Пожелно универзитетска диплома (Филолошки, Технолошки/Земјоделски)
• Минимално една година рaботно искуство во иста или слична позиција
• Задолжително одлично познавање на македонски и албански јазик, солидно познавање на англиски јазик, познавањето на германски јазик е предност (компанијата ќе обезбеди интензивни курсеви за јазик)
• Одлично познавање на MS Office
• Возачка дозвола Б категорија – активен возач
• Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини со кои ќе можеш да се справиш со задачите и рутините во динамична средина
• Подготвеност за патување во странство за обука во период до 3 месеци
Што нудиме
• Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
• Можности за обука во странство
• Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
• Атрактивен компензациски пакет
• Приватно здравствено осигурување
• Пакет за добредојде на новите вработени