Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  631393

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

  • Обезбедување преводи на македонски и албански јазик
  • Oсигурување за точност и квалитет на содржината на преведени документи
  • Проверка на декларациитe во однос на усогласеност со законските барања и интерните упатства
  • Комуникација со добавувачи и останати бизнис партнери во врска со законските барања за означување на производи
  • Исполнување на зададените КПИ во предвидените рокови
  • Концепција на нови работни процеси / оптимизација на постојните работни процеси
  • Координација на работните процеси и протокот на информации со останатите оддели

 

Твој профил

  • Универзитетска диплома 
  • Одлично познавање на англиски, македонски и албански јазик (познавање на германски јазик е предност)
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Компјутерски вештини
  • Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини со кои ќе можеш да се справиш со задачите и рутините во динамична средина

Што нудиме

  • Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој

  • Можности за обука во странство

  • Стимулативна работна средина и одлична организациска култура

  • Атрактивен компензациски пакет 

  • Приватно здравствено осигурување

  • ФитКит месечен буџет
  • Пакет за добредојде на новите вработени