За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура, каде секој се чувствува свој, нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Доколку имаш искуство во корпоративни комуникации и сакаш да се грижиш за имиџот на компанијата, придружи се на динамичниот #teamlidl и стани дел од нашата успешна приказна!
Твои задачи
• Развој и имплементација на комуникациска стратегија во согласност со корпоративните цели на Групацијата
• Анализа и следење на репутацијата на компанијата и релевантните KPI, како и планирање и организирање на компаниски настани и кампањи
• Креирање и имплементирање план со содржини за внатрешна и надворешна комуникација
• Развивање креативни концепти и кампањи за подобрување на видливоста на компанијата и соработка со различни засегнати страни
• Креирање комуникациска содржина и редовно ажурирање на компаниските комуникациски канали
• Креирање материјали за визуелна комуникација во согласност со упатствата за корпоративен идентитет
• Обезбедување периодични анализи и извештаи за ефективноста на комуникациските стратегии на компанијата
Твој профил
• Универзитетска диплома (општествени науки)
• Минимум 3 години искуство во релевантната област
• Напредно познавање на MS Office или Google Aps
• Одлично познавање на англиски јазик
• Добри комуникациски и организациски вештини
• Возачка дозвола Б категорија – активен возач
• Подготвеност за патување во странство за обука во период од 1 месец
Што нудиме
• Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
• Можност за обука во странство
• Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
• Атрактивен компензациски пакет
• Приватно здравствено осигурување
• Fit-Kit месечен буџет
• Пакет за добредојде на новите вработени