За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Lidl Plus е дигитална програма за лојалност на Лидл. Повеќе од 100 милиони корисници од Европа веќе ја користат бесплатната мобилна апликација и уживаат во персонализираните попусти, дигитални купони, награди и ексклузивни понуди од партнери, што го прави нивното купувачко искуство поефикасно и поповолно.
Твои задачи
• Поддршка во оперативната имплементација и тестирање на нови функции и активности во Lidl Plus, управување со различни барања и контрола на успехот на планираните активности;
• Планирање, креирање и тестирање промотивни кампањи, вклучувајќи купони и други промоции во системот;
• Самостојно планирање купонски артикли за различни механизми за лојалност, анализа на целните групи и применување соодветни стратегии,
• Користење Salesforce Marketing Cloud за оперативни маркетинг иницијативи;
• Поддршка во координирање на непречено функционирање на Lidl Plus и техничко поставување на апликацијата;
• Соработка со различни оддели релевантни за Lidl Plus апликацијата, како и релевантен оддел за правен преглед на кампањи, регулативи и политики за задржување на лични податоци;
• Подготовка на слики за производи кои се на промоција/купони во апликацијата.
Твој профил
• Високо образование (економски науки);
• Претходно работно искуство од областа и со Salesforce Marketing Cloud ќе се смета за предност;
• Добро познавање на Adobe пакетот (Photoshop, Illustrator, InDesign) ќе се смета за предност;
• Подготвеност за патување во странство за обука од околу 6-9 месеци;
• Познавање англиски јазик;
• Поседување возачка дозвола – Б категорија (активен возач).
Што нудиме
• Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој;
• Можност за обука во странство;
• Стимулативна работна средина и одлична организациска култура;
• Атрактивен компензациски пакет;
• Приватно здравствено осигурување;
• Пакет за добредојде на новите вработени.