Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  543188

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Придружи се на динамичниот #teamlidl и стани дел од нашата успешна приказна!

Твои задачи

• Подготовка, процесирање и ревидирање на проекти поврзани со возен парк 
• Истражување, анализа и пресметки поврзани со набавки на автомобили 
• Вршење набавки за потребите на возниот парк  
• План, контрола и оптимизација на трошоците за набавки   
• Подготовка на тендерска документација
• Подготовка и склучување на договори со добавувачи 
• Внесување и администрација на податоци во системи поврзани со возниот парк

Твој профил

• Минимум 1 година искуство во областа на набавки 
• Високо образование (економски или сродна област) 
• Одлично познавање на англиски јазик, германски ќе се смета за предност 
• Одлично познавање на MS Office пакет  
• Возачка дозвола Б категорија – активен возач 
• Подготвеност за патување во странство за обука во период од 1 месец

Што нудиме

  • Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
  • Можност за обука во странство 
  • Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет
  • Приватно здравствено осигурување
  • Пакет за добредојде на новите вработени