Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  738106

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Придружи се на динамичниот #teamlidl и стани дел од нашата успешна приказна!

Твои задачи

  • Планирање, процесирање и ревидирање на проекти поврзани со возниот парк  
  • Истражување на пазарот, анализа на понуди и пресметки за набавка на возила и пратечка опрема  
  • Вршење набавки за потребите на возниот парк  
  • Контрола, анализа и оптимизација на оперативните трошоци за возниот парк    
  • Подготовка на тендерска документација
  • Изработка, контрола и управување со договори со добавувачи и сервисни партнери
  • Точно внесување и системска администрација на сите податоци поврзани со возилата   

Твој профил

  • Минимум 1 година искуство во областа на набавки (искуство со управување со возен парк е предност)
  • Средно образование, високо образование ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на англиски јазик, германски ќе се смета за предност
  • Одлично познавање на MS Office/Google Workspace пакет  
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  • Подготвеност за патување во странство за обука во период од 1 месец

Што нудиме

  • Работа во меѓународна средина со многу можности за учење, раст и развој
  • Можности за обука во странство
  • Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет
  • Приватно здравствено осигурување
  • FitKit месечен буџет
  • Пакет за добредојде на новите вработени