За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
-
Организирање на целиот процес на испитување на производите, од координирање на логистиката на примероците и лабораториската анализа и сензорни тестирања до спроведување на процесите за ревизии и известување за наодите
-
Oсигурување дека сите производи од храна до производи за домаќинството ги исполнуваат законските, договорните и стандардите за квалитет преку постојани тестирања и проценки
-
Мониторирање на усогласеноста со сите закони и стандарди преку континуирано следење на безбедноста на производите, внатрешните правила и производствени практики
-
Aнализирање на резултатите од испитувањата и ревизиите за да идентификувате потребни подобрувања како и следење и евалуирање на ефикасноста на преземените чекори за обезбедување квалитет
-
Управување со протокот на информации помеѓу одделенијата, осигурувајќи се дека сите податоци се точни, дека роковите се почитуваат и дека евиденцијата е правилно архивирана
-
Користење на системот за усогласеност на производите, проценка на ризиците од ревизиите на добавувачите, критичните потрошувачки рекламации и извештаи од добавувачите како и надгледување на контролата на квалитетот за категории како месо, риба, вино и други категории на производи
-
Комуницирање со лаборатории за анализа на храна, добавувачи, институти, клиенти во врска со законоските барања и Лидл барањата за храна и други технички прашања
Твој профил
-
Универзитетска диплома (Технолошки факултет, Факултет за земјоделство и храна или друг релевантен факултет за природни науки)
-
1 – 2 години релевантно работно искуство во областа (по можност поврзано со лабораториска анализа и контрола на храна/овошје и зеленчук)
-
Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
-
Целосно познавање на Microsoft Office и солидно познавање на Google Workspace, и способност за забележување на грешките
-
Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини со кои ќе можете да се справите со задачите и рутините во динамична средина
-
Потребно е солидно познавање на англиски и македонски јазик, германскиот јазик е предност
-
Подготвеност да се живее во странство во период од 6 месеци поради обука.
Што нудиме
-
Работа во меѓународна средина со многу можности за учење, раст и развој
-
Можности за обука во странство
-
Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
-
Атрактивен компензациски пакет
-
Приватно здравствено осигурување
-
FitKit месечен буџет
-
Пакет за добредојде на новите вработени