За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
-
Организирање на процесот на испитување на примероци од производите, вклучително и процесот на ревизија и сензорни тестирања и известување за наодите
-
Следење на усогласеноста со сите закони и регулативи, како и интерни стандарди и постапување со приговори во случај на неусогласеност
-
Oсигурување дека сите производи од храна до производи за домаќинството ги исполнуваат законските, договорните и стандардите за квалитет преку постојани тестирања и процени
-
Надгледување на контролата на квалитетот за категории како месо, риба, вино и други категории на производи
-
Процена на ризици од рекламации од потрошувачи, резултати од ревизија, извештаи од добавувачи и од регулаторни органи
-
Внесување на податоци во систем од аналитички и ревизорски извештаи и извештаи од регулаторни органи
-
Комуницирање со лаборатории за анализа на храна, добавувачи, институции, клиенти во врска со законските и интерните барања за квалитет и други технички прашања
Твој профил
-
Универзитетска диплома (Технолошки факултет, Факултет за земјоделство и храна или друг релевантен факултет за природни науки)
-
1 – 2 години релевантно работно искуство во областа (по можност поврзано со лабораториска анализа и контрола на квалитет на храна)
-
Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
-
Целосно познавање на Microsoft Office и солидно познавање на Google Workspace
-
Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини за работа во динамична средина
-
Потребно е солидно познавање на англиски и македонски јазик, германскиот јазик е предност
-
Подготвеност за обука во странство во период од 6 месеци
Што нудиме
-
Работа во меѓународна средина со многу можности за учење, раст и развој
-
Можности за обука во странство
-
Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
-
Атрактивен компензациски пакет
-
Приватно здравствено осигурување
-
FitKit месечен буџет
-
Пакет за добредојде на новите вработени