Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  658741

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

  • Координација и управување со процесот на воведување (онбординг) на добавувачи (од апликација до активација)
  • Контактирање со национални добавувачи, нивно запознавање со интерните системи и процесите на компанијата
  • Поддршка на добавувачите при интегрирање на EDI системот
  • Испраќање, примање и проверка на барања за матични податоци за добавувачите
  • Барање, проверка и валидација на регистрациски податоци и сертификати на производствените капацитети на добавувачите
  • Зачувување и одржување ревизибилна евиденција и документација за добавувачите
  • Проценка и квалификација на добавувачи според дефинирани критериуми
  • Соработка со мултифункционални тимови (набавка, контрола на квалитет, логистика)
  • Поддршка на нашите добавувачи и засегнати страни со соодветните барања на одделот

Твој профил

  • Универзитетска диплома
  • 1-2 години релевантно работно искуство
  • Потребно познавање на англиски и македонски јазик, познавањето на германскиот јазик е предност
  • Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
  • Познавање на EDI системот и пакетот Google е предност
  • Аналитички способности и внимание на детали, како и одлични комуникациски вештини
  • Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини во динамична средина
  • Подготвеност за обука во странство во период од 6-9 месеци

Што нудиме

  • Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
  • Можности за обука во странство
  • Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет
  • Приватно здравствено осигурување
  • FitKit месечен буџет
  • Пакет за добредојде на новите вработени