За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји!
Како Специјалист за онлајн маркетинг и социјални медиуми, ќе имаш можност да имплементираш онлајн маркетинг активности и да го анализираш нивниот успех, да водиш дигитални кампањи на социјалните медиуми и директно да придонесуваш во растењето на нашата Лидл заедница. Придружи се на динамичниот #teamlidl и стани дел од нашата успешна приказна!
Твои задачи
- Координирање на кампањи на социјални медиуми и проекти онлајн меѓу локални и меѓународни тимови, како и надворешни партнери
- Создавање рекламни формати на дигитални канали и одговорност за нивна квалитетна имплементација согласно спецификите на брендот (визуелни и текстуални), како и најдобрите практики на социјалните мрежи
- Следење на профилите на социјалните медиуми на дневно ниво (Facebook, Instagram, YouTube итн.), управување со заедницата и анализа на конкурентската средина
- Имплементирање на мерки во областа на онлајн маркетинг, навремено исполнување на роковите, како и усогласување со маркетинг целите и стратегиите за платени, сопствени и стекнати медиуми (paid-owned-earned) (Google, Meta, Programmatic, DV 360)
- Администрирање и одржување на содржина за онлајн маркетинг активности, обезбедување нивна релевантност (за вебсајт, банери, Lidl Plus, онлајн продавница итн.), како и планирање и имплементирање активности поврзани со маркетинг на инфлуенсери
- Post-buy анализи, брифирање и контрола на работата на агенции
Твој профил
- Универзитетска диплома од соодветната област
- Најмалку 2 години релевантно искуство во дигитален маркетинг
- Одлично познавање на различни дигитални платформи и нивните специфичности
- Искуство во управување со социјални медиуми на големи брендови ќе се смета за предност
- Креативно размислување, но и око за детали
- Течно говорење на англиски јазик; познавање на германски јазик ќе се смета за предност
- Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
- Подготвеност за патување во странство за обука од околу 6-9 месеци
Што нудиме
• Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
• Можности за обука во странство
• Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
• Атрактивен компензациски пакет
• Приватно здравствено осигурување
• Пакет за добредојде на новите вработени