Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  574147

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

• Креирање, обработка и координација на извештаи и листи поврзани со активностите за набавки
• Поддршка и помош при анализа на пазарот и производите со експертите за набавки
• Верификација на артикли и добавувачи во системи и верификација на договорите со добавувачите
• Следење на референци со сметководствени разлики
• Помош на колегите во различни проекти, поднесување предлози за подобрувања на работата и оптимизација на процесите
• Комуникација со засегнатите страни и координација со други оддели и пододдели

Твој профил

• Универзитетска диплома
• 1 – 2 години релевантно работно искуство
• Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
• Целосно познавање на Microsoft Office и способност за забележување на грешките
• Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини со кои ќе можете да се справите со задачите и рутините во динамична средина 
• Потребно е познавање на англиски и македонски јазик, германскиот јазик е предност
• Подготвеност за патување во странство за обука во период од 6 до 9 месеци

Што нудиме

• Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
• Можности за обука во странство
• Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
• Атрактивен компензациски пакет 
• Приватно здравствено осигурување
• Пакет за добредојде на новите вработени