Country/Region:
MK
ReferenceNo.:
512918
Резиме
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Придружи се на динамичниот #teamlidl и стани дел од нашата успешна приказна!
Твои задачи
- Активно учество во процесот на регрутација (креирање огласи за работа и нивно објавување, учество во преселекција, селекција и комуникација со кандидати итн.)
- Поддршка на менаџери во процесот на селекција и интервјуа за работа
- Поддршка на нови вработени во preboarding фазата
- Поддршка на реализацијата на стратегијата за брендирање на работодавачот со цел да се изгради одржлив имиџ на работодавачот
- Креирање содржина и одржување на кариерна веб-страница, како и креирање содржина за социјалните медиуми и за брендирани материјали
- Организација и учество на настани и активности за цели за брендирање на работодавач, саеми за вработување итн.
- Соработка со универзитетите и кариерни центри
Твој профил
- Високо образование (човечки ресурси, економија, општествени науки, маркетинг и/или слична област)
- Минимум 2 години искуство во HR (Регрутирање и брендирање на работодавач ќе се смета за предност)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлична познавање на MS Office пакетот (Word, Excel),
- Искуство со програми/алатки за дизајн ќе се смета за предност
Што нудиме
- Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст
- Можности за обука во странство
- Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура
- Конкурентна компензација
- Приватно здравствено осигурување