Country/Region:
MK
ReferenceNo.:
515779
Специјалист за промоција на прехранбени производи
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Придружи се на динамичниот #teamlidl и стани дел од нашата успешна приказна!
Твои задачи
- Учество на саемот Lidl Food World Expo, каде што се избираат артикли за сите тематски недели како што се француска, шпанска, италијанска, итн.
- Подготовка на листа за промоции на производи на национално и интернационално ниво врз основа на спроведени опсерваци на пазарот и анализа на трендови
- Дефинирање на промотивни цени во координација со претпоставениот, нивно имплементирање и следење на тековна основа
- Креирање (POS) спецификации во координација со продажба и маркетинг
- Следење и анализа на залихи на производи на промоција
- Осигурување на постојана комуникација и координација со добавувачите и решавање на евентуални проблеми
Твој профил
- Високо образование – (економски или слична област)
- 1-2 години професионално искуство
- Одлично познавање на англиски јазик
- Познавањето на германскиот јазик ќе се смета за предност
- Подготвеност за учење
- Вештини за работа со клиенти
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач
- Подготвеност за патување во странство за обука во период од околу 6 месеци
Што нудиме
- Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
- Можност за обука во странство
- Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- Пакет за добредојде на новите вработени