Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  536040

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

• Контактирање со национални добавувачи и нивно запознавање со системите и процесите на компанијата
• Поддршка на Одделот за Набавки во склучување на договори со добавувачите за производи од сопствено производство, брендирани производи, свежи и непрехрамбени производи за за локален и меѓународен пазар, навремено во договорените рокови
• Проверка, испраќање и примање на потврди за цената
• Испраќање, примање и проверка на главните барања за податоци за производите и добавувачите
• Креирање на белешки за локалното и меѓународното купување
• Одржување на системите за купување со високо ниво на квалитет
• Поддршка на нашите добавувачи и засегнати страни со соодветните барања на Одделот

Твој профил

• Универзитетска диплома
• 1-2 години релевантно работно искуство
• Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
• Целосно познавање на Microsoft Office
• Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини со кои ќе можете да се справите со задачите и рутините во динамична средина
• Потребно е познавање на англиски и македонски јазик, познавањето на германскиот јазик е предност
• Подготвеност за обука во странство во период од 6-12 месеци

Што нудиме

• Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
• Можности за обука во странство
• Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
• Атрактивен компензациски пакет 
• Приватно здравствено осигурување
• Пакет за добредојде на новите вработени