За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
• Анализа на цени на конкуренција во разни региони низ државата
• Креирање, ажурирање и проверка на цени во системот за евиденција
• Поддршка за оперативни активности, како споредби на групи производи
• Процесирање и поддршка во различни задачи во фукнционалната област
• Следење на рекламирањето на конкурентите и поддршка при подготвувањето на извештаи
• Тековна комуникација со други оддели и надворешни соработници и даватели на услуги
Твој профил
• Универзитетска диплома (економија или слично)
• Минимум една година рaботно искуство во иста или слична позиција
• Задолжително познавање на англиски и македонски јазик, познавање на германски јазик е предност (компанијата ќе обезбеди интензивни курсеви за јазик)
• Одлично познавање на MS Office
• Возачка дозвола Б категорија – активен возач
• Независност во работата и способност за превземање на иницијатива
• Подготвеност за патување во странство за обука во период од 6 до 9 месеци
Што нудиме
• Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
• Можности за обука во странство
• Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
• Атрактивен компензациски пакет
• Приватно здравствено осигурување
• Пакет за добредојде на новите вработени