Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  684598

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

  • Следење и анализа на работното право, измена и прилагодување на внатрешната регулатива, како и редовно ажурирање на документите кои произлегуваат од работните односи
  • Поддршка во областа на усогласеност со работното законодавство и локализација на проекти
  • Развој, управување и мониторинг на системот за управување со усогласеноста во областа на човечките ресурси (HR Compliance Management System)
  • Анализа на постојните или потенцијалните ризици за усогласеност во областа на човечките ресурси и креирање мерки за елиминирање или намалување на таквите ризици
  • Координација и поддршка на функционалните сектори при воведувањето на контролите и мерките за усогласеност во областа на човечките ресурси (HR compliance)
  • Советување на тимот за глобална мобилност за прашања и документација во врска со работното право, имиграционото право и правото на социјално осигурување
  • Советување за прашања поврзани со усогласеноста во областа на човечките ресурси (HR compliance), како и координација и размена со секторите за работно право и меѓународната усогласеност во ЧР (HR Compliance International) 

Твој профил

  • Завршено високо образование од областа на правото
  • Најмалку 1 година претходно професионално искуство во работно право и/или HR усогласеност
  • Течно познавање на англиски јазик

Што нудиме

● Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и
развој
● Можности за обука во странство
● Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
● Атрактивен компензациски пакет
● Приватно здравствено осигурување
● FitKit месечен буџет
● Пакет за добредојде на новите вработени