Country/Region:
MK
ReferenceNo.:
682448
За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
- Проверка, анализа и книжење фактури за трошоци и основни средства
- Усогласување на биланси и архивирање фактури и кредитни потврди
- Учество во евиденцијата на проекти за изградба, трансфери и расходување на средства
- Проверка и усогласување салда на сметки
- Вршење периодични активности, вклучувајќи книжење на однапред платени трошоци и резервирања, како и по потреба изготвување фактури за продажба
- Учество во месечните и годишната завршна пресметка
- Почитување на интерните политики, процедури и корпоративни стандарди
- Активно придонесување со идеи и предлози за оптимизација на процеси и системи
- Подготовка на годишни финансиски извештаи и квартални биланси
Твој профил
- Завршено високо образование од областа на сметководство, финансии или економија
- Релевантно работно искуство во сметководство од минимум 3 години
- Уверение за овластен сметководител ќе се смета за предност
- Познавање и активна употреба на SAP ќе се смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик (познавање на германски јазик ќе се смета за предност)
- Успешно прилагодување на користење технологии и софтверски решенија во работата
- Искуство со Google Workspace ќе се смета за предност
- Аналитички и комуникациски вештини, како и вештини за следење и почитување на рокови
Што нудиме
- Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
- Можности за обука во странство
- Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- Пакет за добредојде на новите вработени