Country/Region:
MK
ReferenceNo.:
573485
За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
- Обезбедување усогласеност на процесот со барањата за животна средина во земјата
- Учество во преговорите со добавувачите за управување со отпад (услови на договорот, трошоци итн.)
- Управување со процесот на фактурирање - проверка на содржината, креирање редовни извештаи, презентации и внесување податоци во бази на податоци
- Анализа на трошоци и придобивки, планирање на буџет и следење на KPI’s
- Kоординација на преносот на стоки и имплементација на управувањето со ризици
- Дефинирање и оптимизација на рутите за собирање на рециклирачки материјали во магацинот
Твој профил
- Најмалку 1 година искуство во управување со отпад, по можност во малопродажба
- Добро разбирање на законската регулатива за животна средина
- Искуство во процесот на преговарање за договори, одржување односи со партнери, власти и министерства
- Течно познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Поседување на дозвола за управување со отпад ќе се смета за предност
- Возачка дозвола Б категорија - активен возач
- Подготвеност за обука во странство во период од 3 месеци
Што нудиме
- Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
- Можности за обука во странство
- Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- FitKit месечен буџет
- Пакет за добредојде на новите вработени