Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  568138

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

• Подготовка, уредување, ажурирање и објавување содржина на веб-страница (текст, слики, видеа, линкови и сл.);
• Креирање нова содржина во соработка со маркетинг и дизајн тимот со цел подобрување на целокупното корисничко искуство;
• Следење веб-аналитика и давање предлози за подобрување на содржината;
• Оптимизација на содржина според SEO принципи;
• Проверка на граматика и правопис на содржините, како и нивна визуелна усогласеност (лектура и коректура);
• Координација и комуникација со надворешни и внатрешни партнери во врска со подобрување на веб-содржината и корисничкото искуство;
• Поддршка за административни задачи во единицата за Оперативен маркетинг и производство.

Твој профил

• Високо образование од областа на маркетинг, новинарство, комуникации или сродни области ќе се смета за предност;
• Најмалку една година претходно професионално искуство во областа на маркетингот и рекламирањето, поврзано со креирање и уредување содржина на веб-страница;
• Искуство со Content Management System (CMS) – WordPress ќе се смета за предност;
• Основно познавање на SEO и UX; 
• Организираност, креативност, прецизност, внимание на детали, како и способност за работа со рокови;
• Течно зборување англиски јазик; познавање германски јазик ќе се смета за предност;
• Возачка дозвола – Б категорија (активен возач);
• Подготвеност за патување во странство за обука во времетраење од околу 6 месеци. 

Што нудиме

• Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст;
• Можности за обука во странство;
• Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
• Конкурентна компензација;
• Приватно здравствено осигурување.