За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
-
Поддршка во оперативната имплементација на активностите на Lidl Plus, управување со различни барања и тестирање нови функции;
-
Планирање, креирање и тестирање промотивни кампањи, вклучувајќи купони и други промоции во системот;
-
Самостојно планирање купонски артикли за различни механизми за лојалност, анализа на целните групи и применување соодветни стратегии;
-
Користење Salesforce Marketing Cloud за оперативни маркетинг иницијативи;
-
Поддршка во координирање на непречено функционирање на Lidl Plus и техничко поставување на апликацијата;
-
Соработка со различни оддели релевантни за Lidl Plus апликацијата, како и релевантен оддел за правен преглед на кампањи, регулативи и политики за задржување на лични податоци;
-
Подготовка на слики за производи кои се на промоција/купони во апликацијата.
Твој профил
-
Високо образование (економски науки);
-
Пожелно познавање на албански и англиски јазик;
-
Претходно работно искуство од областа и со Salesforce Marketing Cloud ќе се смета за предност;
-
Добро познавање на Adobe пакетот (Photoshop, Illustrator, InDesign) ќе се смета за предност;
-
Подготвеност за патување во странство за обука од околу 6-9 месеци;
-
Поседување возачка дозвола – Б категорија (активен возач).
Што нудиме
-
Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој;
-
Можност за обука во странство;
-
Стимулативна работна средина и одлична организациска култура;
-
Атрактивен компензациски пакет;
-
Приватно здравствено осигурување;
-
Пакет за добредојде на новите вработени.