Country/Region:
MK
ReferenceNo.:
535616
За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
- Усогласено обработување на царински, надворешно-трговски, увозни давачки и акцизи за целокупното прекугранично движење на добра со сите други поврзани задачи и активности
- Активна поддршка како контакт лице за сите проблеми во царински и надворешно-трговски постапки
- Почитување и исполнување на сите законски прописи и интерни насоки на компанијата како и идентификување на царинските ризици
- Утврдување на тарифни ознаки за стоки и подготвување на царински декларации за сите царински постапки
- Размена на информации со надлежната царинска служба преку NCTS системот и обработка на барања и дозволи од системот за електронски дозволи EXIM
- Подготовка на документи во врска со постапките за царинење на стоки и контакт со царински органи и инспектори од различни институции за увоз/извоз на стоки
- Тековна комуникација со оперативните организациски или функционални области на набавки и обработка на стоки
Твој профил
- Универзитетска диплома (пожелно е да е во Комерцијална/надворешна трговија, Економија, Бизнис логистика, Шпедиција и/или Царина)
- Лиценца за застапување во царински постапки
- 2 години релевантно работно искуство
- Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
- Потребно е познавање на англиски и македонски јазик, германскиот јазик е предност
- Чувство на одговорност и внимание за решавање на потребите на засегнатите страни
- Подготвеност за патување во странство на обука најмалку 1 месец
Што нудиме
- Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
- Можности за обука во странство
- Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- Пакет за добредојде на новите вработени