Country/Region:  MK
ReferenceNo.:  610649

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

  • Обезбедување навремени и целосни процеси во синџирот на набавки базирани на потребите
  • Управување со нарачки и оптимизација на залихите во маркетите
  • Организација и следење на промотивните активности согласно нашите KPI
  • Одржување на базата на податоци од синџирот на набавки
  • Комуникација со добавувачи и шпедитери, како и со сите останати засегнати страни
  • Подготовка на анализи и деловни извештаи, анализи на KPI и мерки за подобрување

Твој профил

  • Универзитетска диплома (Економија, ИТ, Бизнис)
  • Релевантно работно искуство на слична позиција (минимум 2 години)
  • Одлично познавање на англиски јазик (познавање на германски јазик ќе се смета за предност)
  • Солидно познавање на Google апликации (Sheets, Docs, Slides)
  • Силни аналитички вештини
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
  • Подготвеност за патување во странство за обука во повеќе земји во период од 1 година

Што нудиме

  • Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
  • Можност за обука во странство
  • Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет
  • Приватно здравствено осигурување
  • ФитКит месечен буџет
  • Пакет за добредојде на новите вработени