За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
- Координирање на системите за управување со безбедноста од перспектива на HACCP
- Следење на услови за прием, складирање и изложување на производи во ладилници и надвор од нив
- Следење на овошје и зеленчук во продажен и магацински простор (спроедување контрола).
- Следење на хигиена кај вработените, oбука на вработените како да ракуваат со храната.
- Следење на добавувачи, проверка на документите
- Водење на редовни состаноци co тимот во кризни ситуации и проценка на ризик од прехрамбени и непрехрамбени производи.
- Соработка со Секторот за правни и усогласеност во подготовка на мислења, жалби и други документи во врска со инспекции од страна на контролни тела, критични жалби од клиенти поврзани со безбедноста и квалитетот на храната
Твој профил
• Релевантно професионално искуство
• Високо образование - Земјоделски Инжинер (насока Растително производство или Градинарство и цвеќарство - 240 кредити)
• Познавање на англиски јазик, германски и албански јазик се предност
• Пакет MS Office (Word, Advanced Excel)
• Возачка дозвола - активен возач Б категорија
Мобилност за обука во странство од приближно 3 месеци
Што нудиме
• Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
• Можност за обука во странство
• Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
• Атрактивен компензациски пакет
• Приватно здравствено осигурување
• Пакет за добредојде на новите вработени